Корисничко име Лозинка Пријави се
03.3.2017

Торес префрлен во болница, надвор од животна опасност

Фернандо Торес, центарфорот на Атлетико Мадрид, беше префрлен во болница по тешкиот судир со глава со Алехадро Бергантињос, дефанзивниот играч на Депортиво Ла Коруња.

Ел Нињо по силниот удар во темето, падна на земја и остана без свест, а играчите од двата тима притрчаа да му помогнат, како и судиите.
Играчите успеаја да му го извадат јазикот од устата и да го свртат на страна додека не стигна лекарската екипа, по што беше ставен на носилки со ортопедска јака и префрлен во болница.
Шпанскиот дневник „Марка“ ги пренесе зборовите на Антонио Санса, агентот на Торес, дека Фернандо набрзо се разбудил и дека разговарал со лекарите во амбулантното возило, како и дека ќе остане во болница ноќта за да биде набљудуван. 
Набрзо на „Твитер“ се огласи и 33-годишниот фудбалер.
„Ви благодарам на сите што бевте загрижени и испраќавте пораки за поддршка. Ова беше само мал препад. Се надева дека брзо ќе се вратам“, напиша Торес.

Најнови вести