Корисничко име Лозинка Пријави се
27.2.2017

Депортиво Ла Коруња го отпушти Гаритано

Гаиска Гаритано веќе не е тренер на Депортиво Ла Коруња. Клубот го отпушти 42-годишниот Баскиец по убедливиот пораз од Леганес во 24-тото коло на Примера лигата.

Тимот од Ла Коруња беше поразен со 4-0 од директниот конкурент за опстанок, Леганес.
Моментно Депортиво има само два бода повеќе од Спортинг Хихон, кој се наоѓа во опасната зона.
Гаритано на клупата на тимот беше од почетокот на тековната сезона, на која го наследи Виктор Санчес. Претходно ги тренираше Валјадолид и Еибар.

Најнови вести