Корисничко име Лозинка Пријави се
31.12.2012

Пасиенсија нов тренер на Ла Коруња

Шпанскиот прволигаш Депортиво Ла Коруња ја прекина соработката со тренерот Хозе Олтра и на негово место го ангажираше Домингош Пасиенсија.

Олтра и неговиот помошник Кема Санц заминуваат од клубот и го оставаат на последното место во Примера дивизион со само две победи на 17 натпревари по првиот дел од сезоната. Веста за смената на Олтра ја објави синоќа претседателот на клубот, Аугусто Сезар Лендоиро на прес конференција.
Депортиво Ла Коруња има само 12 освоени бодови, три помалку од првиот клуб кој се наоѓа надвор од зоната за испаѓање во најсилната шпанска лига.
Новиот тренер Домингош Пасиенсија е поранешен фудбалер на Порто и репрезентативец на Португалија, а како тренер веќе на стартот најави успешна кариера откако пред две години ја одведе Брага до финалето на Лига на Европа.

Најнови вести