Корисничко име Лозинка Пријави се
15.9.2016

Рајан Бабел во Ла Коруња

Рајан Бабаел, некогашниот холандски репрезентативец и своевремено еден од најбараните напаѓачи на Европа, кариерата ќе ја продолжи во Шпанија, поточно во Депортиво од Ла Коруња.

Бабел доаѓа како слободен играч, а последен клуб му беше Ал-Аин од Обединетите Арапски Емирати. Претходно играше за: Ајакс, Ливерпул, Хофенхајм и Касимпаша.
Напаѓачот со афирмација се стекна на Европското првенство за играчи до 21 година 2007, кога ја освои титулата со победата во финалето над Србија. Имаше значајна улога и во Ливерпул, но кариерата му тргна надолу. Тренираше со првиот тим на Ајакс, кој не му понуди договор, но се појави Ла Коруња, која остана без првиот стрелец Лукас Перез, и тоа можеби би можело да биде шанса за 29-годишниот играч да ја оживее кариерата.

Најнови вести