Корисничко име Лозинка Пријави се
11.7.2014

Фернандес е новиот тренер на Депортиво

Шпанскиот фудбалски прволигаш Депортиво од Ла Коруња го назначи за нов тренер Виктор Фернандес, наместо Фернандо Васкес кој минатата недела доби отказ.

Васкес е отпуштен, иако го врати тимот во Примера, а причината е критиката која ја упатил до челниците на клубот во врска со политиката за трансфери.
Поранешниот тренер на Сарагоса, Фернандес, потпиша едногодишен договор со Депортиво. Тој минатата година работеше како телевизиски коментатор, а во кариерата ги водеше Бетис, Гент и Порто.

Најнови вести