Корисничко име Лозинка Пријави се
03.1.2017

Рајан Бабел во Бешикташ

Рајан Бабел, поранешниот фудбалер на Ливерпул, кариерата ќе ја продолжи во Турција.

Некогаш големата надеж на холандскиот фудбал потпиша две и полгодишен договор со Бешикташ.
Бабел во Истанбул доаѓа од Депортиво, по истекувањето на договорот со клубот од Ла Коруња, каде што ги помина последните шест месеци.
Како што пренесуваат турските медиуми, тој од Бешикташ доби пет милиони евра.
Бабел веќе има играно во Турција, две сезони помина во редовите на Касимпаша.
Крилниот напаѓач кариерата ја почна во Ајакс, по Ливерпул играше за Хофенхајм и Ал-Аин и еднаш се врати во Амстердам.
За Холандија настапи 43 пати и постигна пет голови.
По 16 одиграни кола, Бешикташ е втор во Суперлигата, со еден бод помалку зад неочекуваниот лидер Башакшехир.

 

Најнови вести