Корисничко име Лозинка Пријави се
10.10.2016

Меси се враќа – подготвен за Ла Коруња и Сити

Фудбалерот Лионел Меси закрепнува од повредата со која се здоби на натпреварот со Атлетико од Мадрид и ќе биде подготвен за наредното коло на Примера лигата и на Лигата на шампионите.

Аргентинскиот напаѓач ги повреди препоните на 21-ви септември, на натпреварот со клубот од Мадрид (1-1) по стартот на Диего Годин, поради што мораше да го напушти теренот во 59-тата минута.
Шампионот на Шпанија тогаш објави дека најдобриот фудбалер на светот ќе мора да паузира три седмици, па паузата поради репрезентативните натпревари добро им послужи.
Каталонскиот клуб без Меси одигра три натпревари. Победи оствари против Спортинг од Хихон (5-0) и Менхенгладбах (2-1), додека минатата недела во интересен натпревар изгуби од Селта со 4-3.
И додека неговите соиграчи од репрезентацијата ремизираа (2-2) со Перу во Лима во четвртокот вечерта, Аргентинецот продолжи вредно да работи и да закрепнува во сала за вежбање, па и на „Инстаграм“ постави слика од салата за вежбање во Барселона.
Петкратниот освојувач на Златната топка на теренот ќе се врати на 15-ти октомври, кога Барселона ја дочекува Ла Коруња, а најважно за Луис Енрике е дека ќе биде подготвен за дуелот со Манчестер сити во Лигата на шампионите на 19-ти октомври.

Најнови вести