Корисничко име Лозинка Пријави се
13.9.2016

Венгер: Дајте му време на Перез

Арсен Венгер, менаџерот на Арсенал, изјави дека на Лукас Перез ќе му биде потребно одредено време за да се прилагоди на англискиот фудбал.

Перез, кој ова лето направи трансфер од Ла Коруња за 17 милиони евра, дебитираше во победата над Саутхемптон минатиот викенд.
„Дајте му време. Постигнувавме голови од почетокот на сезоната, но доведовме уште еден напаѓач бидејќи ни беше потребен. Минатата година постигна 17 голови. Мислам дека во второто полувреме многу подобро комбинираше со соиграчите. Не е лесно кога стартувате дома, притисокот е врз вас и сите очи се вперени во вас. Тоа можеше да се види и со Мустафи, кој одигра многу подобро во второто полувреме “, изјави Венгер.
Арсенал денес игра дерби во првото коло од Лигата на шампионите со ПСЖ.

Најнови вести