Корисничко име Лозинка Пријави се
07.8.2012

Марчена во Депортиво Ла Коруња

Искусниот шпански одбранбен фудбалер Карлос Марчена ги напушти редовите на новиот второлигаш Вилјареал и денеска ќе биде претставен како засилување за новиот член на Примера, Депортиво Ла Коруња.

Шпанскиот клуб од „Риазор“ сака со искусни фудбалери да ги засили своите редови за враќањето во првата лига и го доведе триесет и три годишниот Марчена, сега веќе поранешниот фудбалер на Вилјареал, кој минатата сезона го загуби прволигашкиот статус.
Договорот на Марчена со „жолтата подморница“ истекувал идното лето, но клубот се реши да го пушти без оштета затоа што испадна во понизок ранг на натпреварување. Марчена денеска ќе ги заврши лекарските прегледи, а потоа ќе биде претставен пред медиумите.
Марчена беше член на шпанската репрезентација која во 2010 ја освои светската шампионска титула. Својата играчка кариера ја почна во Севилја, а пред да дојде во Вилјареал во 2010 година, беше фудбалер на Бенфика и Валенсија.

Најнови вести