Корисничко име Лозинка Пријави се
10.1.2014

Пепе Мел нов менаџер на Вест Бромич

Англискиот фудбалски премиерлигаш Вест Бромич го именува Пепе Мел за свој нов менаџер.

Вест Бромич речиси еден месец бара менаџер кој ќе го замени Стив Кларк, кој е отпуштен уште на 14-ти декември минатата година. Педесетгодишниот Мел малку порано од Кларк е отпуштен од клупата на шпанскиот прволигаш Бетис, по три години поминати на таa позиција.
Мел првите разговори со Вест Бромич ги имаше уште во декември, но неговиот предлог да донесе свои луѓе заедно со него беше одбиен. На кој начин овој пат двете страни се договорија не е познато, но е откриено дека Мел потпишал договор на 18 месеци.

Најнови вести