Корисничко име Лозинка Пријави се
03.6.2015

Бесчувствителен отказ за тандемот на Њукасл

Џон Карвер, менаџерот на Њукасл, отпушти двајца свои фудбалери на бесчувствителен начин. Тој го повикал Рајан Тејлор и му соопштил дека нема да добие нов договор, а потоа му рекол да му го предаде мобилниот телефон на Хонас Гутиерес, па и нему му ја соопштил таа вест.

Ваквиот однос на Карвер кон играчите е уште полош кога ќе се земе предвид фактот дека Гутиерес по неколку седмици откако се врати во фудбалот по борбата со ракот, беше јунак во победата која на Њукасл му донесе опстанок во Премиер лигата.
Тејлор и Гутиерес задно се во Белфаст на тренерски курс.
„Карвер ми се јави и ми рече дека клубот нема да ми понуди нов договор. Потоа ме замоли да му го додадам телефонот на Хонас, што беше неверојатно. Звучеше вознемирено што мораше на двајца професионалци, коишто се долго во клубот, да им го соопшти тоа дека дошол крајот. Не можам да го обвинувам бидејќи така му е наредено“, изјави Тејлор со очигледно разбирање за потегот на Карвер.
Аргентинецот пред неколку дена изјави дека е разочаран од односот на сопственикот на клубот, Мајк Ешли.
Тејлор има 30 години, а последните шест сезони играше на „Сент Џејмс парк“, додека 31-годишниот Гутиерес во Њукасл е од 2008 година.

Најнови вести