Корисничко име Лозинка Пријави се
27.11.2014

Неста нова ѕвезда во Индија

Легендарниот италијански дефанзивен играч Алесандро Неста е новото звучно име кое ѝ се приклучи на индиската Суперлига.

Поранешниот стопер на Лацио и на Милан стана член на лидерот во индиската Суперлига, Ченај, кој како тренер/играч го води земјакот на Неста, Марко Матераци.
Неста во Индија ќе може да почне да игра дури по петти декември, бидејќи тој ден веќе договори настап во Банког. Тој во Ченај ќе го замени Џон Стивен Мендоза, кој ја заврши сезоната поради повреда.
Неста има 38 години, беше шампион на Италија со Лацио и со Милан, со „росонерите“ два пати ја освои Лигата на шампионите, додека со Италија стана светски шампион во 2006 година.
Кариерата ја заврши минатата година по сезона и пол во екипата на Монтреал Импакт во американската МЛС-лига.
Ченај е лидер на индиската Суперлига по десет кола со 19 бодови, три повеќе од Атлетико де Калкута.

Најнови вести