Корисничко име Лозинка Пријави се
04.1.2012

Гатузо се враќа на терените

По повеќемесечна пауза на терен ќе се врати Џенаро Гатузо, италијанскиот репрезентативец и член на Милан.

Играчот за врска на „росонерите“ нема играно од септември минатата година поради повреда на окото, а се шпекулираше дека и продолжението на неговата кариера е под знак прашалник. Сепак, тренерот на италијанскиот шампион Масимилијано Алегри потврди дека Гатузо ќе игра на пријателскиот натпревар против ПСЖ, кој е денеска на програмата.
„Тој се чувствува одлично и ќе игра најмалку четириесет и пет минути“, рече Алегри.
Гатузо имаше проблем со нервот што го контролира движењето на окото, а последниот натпревар на кој настапи беше на деветти септември против Лацио. Тогаш тој се судри со соиграчот Алесандро Неста.

Најнови вести