Корисничко име Лозинка Пријави се
06.7.2012

Неста ќе игра во МЛС за Монтреал

Искусниот италијански стопер наскоро ќе ја почне својата прва сезона во американската МЛС откако ќе потпише договор на 18 месеци со Монтреал.

Поранешниот централен одбранбен фудбалер на Милан и долгогодишен репрезентативец на Италија, Алесандро Неста ќе ја продолжи кариерата во Монтреал.
До реализирањето на трансферот останале уште комплетирање на неколку ситни детали, но Италијанецот нема никакви дилеми:
„Многу сум среќен што сум овде. Иако имав понуди од Европа, се решив за потполно нов предизвик, а тоа е МЛС. За време на посетата на мојот пријател Марко ди Вајо, кој неодамна почна да игра за овој клуб, запознав прекрасни луѓе. Навистина ми се допадна тоа што го видов и убеден сум дека Монтреал е клубот во која сакам да бидам“, изјави Неста.
Триесет и шестгодишниот Неста во својата кариера одиграл 417 натпревари во Серија А, 101 во Лигата на шампионите, и 17 во Лигата на Европа, а за италијанската репрезентација има 78 настапи.

Најнови вести