Корисничко име Лозинка Пријави се
09.8.2012

Запата доаѓа во Милан како позајмен фудбалер

Фудбалерот на шпанскиот второлигаш Вилјареал, Кристијан Запата, е нов член на Милан но само како позајмен фудбалер до крајот на годината.

Поранешниот фудбалер на Удинезе ги помина лекарските прегледи во италијанскиот вицешампион по што потпиша едногодишен договор со Милан.
Колумбиецот Запата е одбранбен фудбалер, а на таа позиција летово Милан остана без неколку фудбалери. Францускиот ПСЖ во своите редови го доведе еден од најдобрите одбранбени фудбалери на светот, Тијаго Силва, а клубот го напушти и Алесандро Неста.
Запата минатата сезона настапи на 28 натпревари за Вилјареал, но не успеа да му помогне на клубот да обезбеди опстанок во првата шпанска лига.

Најнови вести