Корисничко име Лозинка Пријави се
19.3.2012

Алегри: Враќањето на Гатузо на терените е одлично

Џенаро Гатузо, дефанзивниот играч за врска на Милан, во саботата ги одигра своите први минути по шестмесечната пауза.

Тој во игра влезе во деведесеттата минута против Парма, во натпревар во кој неговиот тим победи со 2-0, а тој влезе на местото на Сули Мунтари. Враќањето на терените на фудбалерот кому по повредата му се закануваше крај на кариерата посебно го развесели тренерот Масимилијано Алегри.
„Мислам дека враќањето на Џенаро е најдобрата работа, особено ако шест месеци сте биле без сознанија дали тој некогаш ќе биде во состојба повторно да игра“, рече Алегри.
Гатузо се повреди на почетокот на оваа сезона на натпреварот против Лацио, кога несреќно се судри со својот соиграч Алесандро Неста.

Најнови вести