Корисничко име Лозинка Пријави се
06.6.2012

Сидорф во Ботафого?

Како што стојат работите во моментот, многу извесно е дека поранешниот холандски репрезентативец Кларенс Сидорф ќе го засили бразилскиот Ботафого.

Искусниот играч за врска, без сомнение, ќе го напушти Милан, во кого се случува смена на генерацијата, откако од клубот веќе заминаа Џенаро Гатузо, Алесандро Неста и Пипо Инзаги.
За Сидорф огромен интерес покажаа екипите од Блискиот Исток, како и Монтреал импакт од Американската фудбалска лига.
Тој во моментов е слободен играч, така што кој и да успее да се договори со овој играч, а Ботафого е најблиску до тоа, нема да плати никаква оштета.

Најнови вести