Корисничко име Лозинка Пријави се
01.3.2012

Нова повреда за Пато

Алешандре Пато, младиот дваесет и двегодишен напаѓач на Милан, по сè изгледа поради повреда ќе мора да го пропушти гостувањето кај Палермо, во рамките на дваесет и шестото коло од Серија А.

Со повредата се здоби на дерби-натпреварот против Јувентус минатиот викенд, а италијанските медиуми шпекулираат дека се работи за истегнување на бутниот мускул и дека поради тоа не тренирал ниту еднаш оваа седмица.
Засега не е познато дали новата повреда има врска со сличните поранешни проблеми на Бразилецот, кои го оддалечија од терените подолг дел од сезоната и поради кои одигра само единаесет меча и постигна само еден гол.
За споменатиот натпревар против Палермо кај „росонерите“ под знак прашалник за настап се и Алесандро Неста и Даниеле Бонера.

Најнови вести