Корисничко име Лозинка Пријави се
26.11.2011

Заврши полусезоната за Неста

Италијанскиот шампион Милан потврди дека одбранбениот фудбалер Алесандро Неста нема да игра до крајот на годината по повредата на бутниот мускул.

„По деталните прегледи, нашиот лекарски тим заклучи дека Неста ќе паузира најмалку еден месец“, се вели во соопштението на Милан.
Неста го истегна бутниот мускул во средата на натпреварот со Барселона во Лигата на шампионите кој заврши со победа на Каталонците од 3-2.
Сезонава триесет и петгодишниот Неста настапи на 14 натпревари и постигна еден гол. Милан во моментов е на четвртото место на табелата во Серија А со три бода помалку од водечкиот Удинезе но и со натпревар помалку.

Најнови вести