Корисничко име Лозинка Пријави се
29.12.2015

Неста: Михајловиќ е идеален за Милан

Легендарниот италијански фудбалер, Алесандро Неста, изјави дека Синиша Михајловиќ е вистинскиот човек за Милан и дека се надева дека долго ќе остане на клупата на „росонерите“.

Михајловиќ веќе неколку пати оваа сезона беше на удар на критиките по послабите постигнати резултати, но секогаш кога е најтешко тој успева да ја извлече екипата од кризата и да ја задржи својата работа.
„Мислам дека во Милан не се виновни тренерите, постојано се менуваат, а ситуацијата секогаш останува иста. Михајловиќ е идеален за Милан и знае да ја сработи својата работа. Се надевам дека нема да добие отказ бидејќи верувам дека може да ја одведе екипата во Лигата на шампионите“, изјави Неста за „Газета дело спорт“.
Неста е легендата на Милан и се смета за еден од најдобрите одбранбени играчи на сите времиња. Кариерата ја почна во Лацио, а потоа помина меѓу „росонерите“ и за десет години одигра 326 натпревари и освои десет трофеи, од кои две Лиги на шампионите.
Подоцна играше за канадскиот Монтреал импакт и за индискиот Ченај, пред да одлучи минатата година да престане со активната фудбалска игра.
За репрезентацијата на Италија одигра 78 натпревари и го освои Светското првенство во 2006 година.

Најнови вести