Корисничко име Лозинка Пријави се
14.5.2012

Старата гарда заминува од Милан, пристига Монтоливо

„Црвено-црните“ ова лето ќе останат без неколку играчи коишто претходните години беа стандардни првотимци.

Алесандро Неста од идната сезона ќе игра во Соединетите Американски Држави, Марк ван Бомел ќе се врати во ПСВ од Ајндховен, додека Џенаро Гатузо и Филипо Инзаги најавија заминување, но сè уште не е познато каде и дали ќе ја продолжат кариерата.
Слична е и ситуацијата со Кларенс Сидорф, кој сè уште не знае дали ќе остане во клубот.
Играчот на Фиорентина Рикардо Монтоливо на крајот на сезоната ќе го напушти клубот и ќе премине во Милан, рече Масимилијано Алегри, тренерот на „црвено-црните“.
На Монтоливо во јуни му истекува договорот со клубот од Фиренца, па во новата средина ќе дојде како слободен играч.
„Следната сезона во тимот ќе го имаме Монтоливо, кој е многу добар играч и техничар. Милан мора да остане конкурентен во трката за титулата. Мораме да ја продолжиме работата што ја почнавме минатата година и во идната сезона ќе влеземе со многу ентузијазам“, им изјави Алегри на италијанските новинари.
Милан минатата година ја освои шампионската титула на Серија А, но оваа сезона во финишот попушти во трката со Јувентус, па трофејот отиде во Торино.

Најнови вести