Корисничко име Лозинка Пријави се
15.11.2011

Гатузо почна со тренинзи

Џенаро Гатузо, ветеранот во редовите на Милан, се врати на тренинзите по три седмици откако му е извршена операција на очниот нерв.

Според информациите коишто ги објави Милан на својата интернет-страница, Гатузо успешно го одработил целиот тренинг, како во фитнес сала така и со топка, а вежбал и без заштитни очила или превез околу окото.

Гатузо е надвор од натпреварувачки ритам од почетокот на сезоната, од првиот натпревар против Лацио, кога се судри со својот соиграч Алесандро Неста. Во тој дуел дефанзивниот играч за врска, познат по тоа што е неуморен на теренот, го повреди левото око, поточно оптичкиот нерв, поради што, како што и самиот рече, гледал двојно.

Најнови вести