Корисничко име Лозинка Пријави се
19.5.2011

Милан го продолжи договорот со Неста

Новиот италијански шампион Милан објави дека го продолжил договорот со дефанзивниот фудбалер Алесандро Неста.

Поранешниот репрезентативец на Италија, кој на „Сан Сиро“ пристигна пред девет години од Лацио, во редовите на „росонерите“ќе остане уште една година. Веста за продолжување на соработката со Милан е очекувана, бидејќи веќе подолго време е позната желбата на двете страни да се случи тоа.

Еден ден претходно, Милан ги продолжи договорите со голманот Флавио Рома, дефанзивецот Тијаго да Силва и дефанзивниот играч за врска Марк ван Бомел.

Најнови вести