Корисничко име Лозинка Пријави се
11.5.2012

Неста заминува од Милан

Алесандро Неста ги шокираше сите навивачи на Милан со изјавата дека на крајот од сезоната ќе го напушти клубот и дека размислува за заминување во Америка, поточно во МЛС лигата.

Тешкиот распоред на играње во домашниот шампионат, во Лигата на шампионите, како и натпреварите од Купот значат дека не можам цело време да бидам во сто отстотен ритам, а истовремено не сум од оние кои сакаат да седат на клупа и да чекаат можност да играат“, изјави фантастичниот дефанзивен играч.
Триесет и шестгодишниот поранешен репрезентативец на Италија одигра десет години во дресот на „росонерите“, рече дека сè уште не разговарал со ниту еден клуб, но дека не доаѓа предвид играње во некој од европските клубови и дека не би имал ништо против да заигра во Америка.
Неста со Милан освои две титули во Серија А, како и два трофеја во Лигата на шампионите, а во Милано пристигна за сума од 30 милиони евра од Лацио, со кого, исто така, има титула во италијанскиот шампионат.

Најнови вести