Корисничко име Лозинка Пријави се
19.4.2012

Неста: „Не одам во Јувентус!“

Искусниот италијански фудбалер Алесандро Неста ја отфрли можноста за негово заминување во Јувентус на крајот на сезоната, кога му истекува договорот со Милан.

Според пишувањата на италијанските медиуми, Јувентус внимателно следи што се случува со 36-годишниот Неста и неговото продолжување на договорот со Милан. Минатата седмица Андреа Пирло, 32-годишниот поранешниот соиграч на Неста, изјави дека разговарал со него за можноста да му се придружи во Јувентус. Инаку, Милан го пушти Пирло поради годините, а тоа би можело да го направи и со одбранбениот играч.
„Ќе видам што ќе правам на крајот на сезоната. Едно е сигурно, а тоа е дека не одам во Јувентус. Сè што се пишуваше за тоа не е вистина. Немам менаџер, така што кој и да ме сака во своите редови, ќе мора да контактира со мене лично. Засега тоа никој не го направил,“ изјави Неста за медиумите.
Неста оваа сезона одигра 21 натпревар за клубот од Милано.

Најнови вести