Корисничко име Лозинка Пријави се
05.12.2013

Бербатов сака да го напушти Фулам

Димитар Бербатов, 32-годишниот бугарски напаѓач на Фулам, сака да ги напушти редовите на актуелниот клуб уште во јануарскиот преоден рок, пренесува неговиот агент Емил Дантчев.

Иако на поранешниот фудбалер на Тотенхем и на Манчестер јунајтед договорот му истекува следното лето, според зборовите на неговиот агент, сè ќе биде направено зимава да пронајде нов клуб.
„Обично ништо не шпекулирам бидејќи никој не знае што ќе се случи во јануари, но можам да ви кажам дека Бербатов не е среќен во Фулам. Тој би сакал, ако е можно, да пронајде друга опција“, изјави Дантчев за „Гардијан“.
Оваа сезона Бербатов се мачи во Премиер лигата и постигна само еден гол во 11 натпревари. Сепак, и покрај слабата форма, агентот верува дека ќе има заинтересирани клубови.
„Приоритет ни е да пронајдеме опција за останување во Англија“, додаде агентот на Бербатов.

Најнови вести