23.10.2014 Монако три седмици без Бербатов
Димитар Бербатов, бугарскиот фудбалер на Монако, ќе паузира три седмици поради повреда на бутниот мускул, соопшти францускиот прволигаш.
Бербатов на 11 минути пред крајот на полувремето во вчерашното реми без голови во Лигата на шампионите против Бенфика се пожалил дека не може да продолжи да игра.
„Бербатов се здоби со повреда на мускулот на левиот бут и се очекува дека ќе биде отсутен три седмици“, соопшти францускиот клуб.
Бугарскиот интернационалец летово дојде во кнежеството по две години минати во Фулам и досега за францускиот клуб настапи на 20 натпревари и постигна осум голови.