Корисничко име Лозинка Пријави се
02.6.2015

Бербатов го напушти Монако

Фудбалскиот клуб Монако објави дека бугарскиот фудбалер Димитар Бербатов ги напуштил „кнезовите“.

Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Тотенхем и Фулам во Монако стигна во јануари минатата година, а последните седмици беше цел на новиот премиерлигаш Борнмут.
„Монако сака да му се заблагодари на Димитар Бербатов, големиот шампион, за сè што направи за овој клуб. Неговиот карактер, професионализмот и талентот му помогнаа на тимот да ги оствари своите цели во Лига 1 и во Лигата на шампионите. Монако му посакува сè најдобро во иднина“, стои во соопштението на клубот.
Покрај потврдата дека си заминува Бербатов, Монако објави дека и голманот Мартен Стекеленбург, кој беше на заем од Фулам, нема да остане во Кнежевството наредната сезона.

Најнови вести