08.10.2013 Хановер без Ја Конан до крајот на годината
Дидие Ја Конан, одличниот 29-годишен фудбалер на Хановер, ќе паузира од фудбалот сè до крајот на оваа календарска година заради тешка повреда на овој фудбалер од Брегот на Слоновата Коска.
Пред четири дена Ја Конан се повреди во првенствената средба меѓу Хановер и Херта (1-1), а набрзо стана познато дека на напаѓачот ќе мора да му биде извршен оперативен зафат. Оваа сезона во дресот на Хановер Конан одигра шест првенствени натпревари и постигна еден погодок.
Пред четири години Ја Конан дојде во Хановер од норвешкиот Розенборг, а вкупно одигра 134 натпревари за овој бундеслигаш и постигна 42 погодоци.
Хановер во овој момент е петта екипа на табелата на Бундеслигата.