Корисничко име Лозинка Пријави се
03.1.2013

Хановер го позајми Џуру до крајот на сезоната

Германскиот фудбалски бундеслигаш Хановер за вториот дел од сезоната ги засили своите дефанзивни редови со Јохан Џуру, одбранбениот играч на англискиот премиерлигаш Арсенал.

Веста за привременото преминување на швајцарскиот репрезентативец во редовите на Хановер ја пренесе германскиот „Кикер“, кој, исто така, открива дека на крајот на сезоната постои опција бундеслигашкиот клуб во целост да го откупи договорот на стоперот на Арсенал.
Дваесет и петгодишниот Џуру оваа сезона настапи само на два натпревари во дресот на „топчиите“, и тоа два пати во средба на Лига купот. Сезонава фудбалерот роден во Брегот на Слоновата Коска повеќе настапи имаше за швајцарската репрезентација (6) отколку за тимот на Арсен Венгер.
Јохан Џуру во Арсенал дојде во 2003 година, а за првата екипа дебитираше во 2004.

Најнови вести