Корисничко име Лозинка Пријави се
07.3.2013

Играчите на Хановер со премија од 600.000 евра ако ја обезбедат Лигата на Европа

Раководството на германскиот клуб Хановер им вети богати награди на првотимците ако се пласираат меѓу првите шест тимови на табелата на Бундеслигата на крајот на сезоната.

Хановер во последните неколку сезони го помина патот од клуб кој редовно се бори за опстанок до тим кој им ги расипува плановите на гигантите на германскиот фудбал и конкурира за пласман во европските купови. Екипата на Мирко Сломка игра одличен фудбал, на гол повеќе (само Баерн и Борусија се поефикасни од Хановер) и стана незгоден ривал за најсилните во Бундеслигата.
Во последно време не му оди најдобро, па се наоѓа на десеттото место. Сепак, во клубот не се откажуваат од пласман во Европа и им понудија повеќе од убави премии на играчите ако ја обезбедат петтата или шестата позиција, кои водат во квалификациите за Лигата на Европа. Ако Хановер заврши меѓу првите шест тимови на Бундеслигата, играчите ќе добијат премија по 600.000 евра, а вчера тоа го потврди и претседателот на клубот, Мартин Кинд.
Пласманот во Европа воопшто не е нереален, бидејќи Шалке и Фрајбург, кои се наоѓаат на петтото и шестото место, на Хановер му бегаат само со три бодови, така што посебно мотивираните играчи до крајот на сезоната може да се изборат.

Најнови вести