Корисничко име Лозинка Пријави се
18.6.2013

Битенкурт од Борусија Дортмунд во Хановер

Леонардо Битенкурт, 19-годишниот германски фудбалер со бразилско потекло, потпиша четиригодишен договор за Хановер, во кој доаѓа од европскиот вицешампион Борусија Дортмунд.

Хановер на Борусија ѝ плати три милиони евра, а клубот од Дортмунд доби и право да го откупи назад талентираниот играч за врска ако се покаже доволно квалитетен во новиот клуб.
Битенкурт во минатата сезона не доби премногу шанси во дресот на „црно-жолтите“. Собра пет настапи во Бундеслигата, постигна по еден погодок и асистенција, а влезе во игра и против Манчестер сити во Лигата на шампионите.
„Јас сум страстен фудбалер и секогаш на теренот сакам да покажам сè што знам. Имам добро чувство дека Хановер во овој момент е вистинско место за мене“, изјави Битенкурт.

Најнови вести