Корисничко име Лозинка Пријави се
26.2.2013

Хусти мора да оди на операција

Фудбалскиот клуб Хановер соопшти дека Саболч Хусти ќе мора да оди на операција бидејќи го скинал бутниот мускул на левата нога на натпревар во Бундеслигата.

Унгарскиот репрезентативец се повреди минатиот викенд, кога Хановер го победи Хамбургер со 5-1. Тој го постигна вториот гол за својот тим, но потоа мораше да го напушти теренот.
Хановер наведе дека Хусти денес ќе оди на операција, а дека ќе паузира неколку седмици.
Екипата моментно се наоѓа на седмото место на табелата на Бундеслигата и се обидува да обезбеди пласман во Лигата на Европа следната година.

Најнови вести