Корисничко име Лозинка Пријави се
21.4.2015

Фронцек на клупата на Хановер

Бундеслигашот Хановер за нов тренер го постави Михаел Фронцек, откако клубот се раздели со Тајфун Коркут.

Фронцек потпиша договор до крајот на сезоната, а единствена цел му е да го сочува Хановер во Бундеслигата.
„Целосно веруваме дека Михаел Фронцек ќе го доведе клубот до сигурната зона. Во преостанатите натпревари имаме само една цел – да останеме во Бундеслигата, ништо друго не е важно“, изјави Мартин Кинд, претседателот на Хановер, за официјалната интернет-страница на клубот.
Спортскиот директор Дирк Дуфнер изјави дека 51-годишниот тренер денес ќе го има првиот тренинг со екипата.
„Тогаш ќе почне да ги подготвува за важниот натпревар против Хофенхајм во сабота. Тој ја познава Бундеслигата и има многу искуство. Убеден сум дека успешно ќе ја завршиме сезоната“, изјави Дуфнер.
Фронцек последен пат како тренер работеше во сегашниот второлигаш Сент Паули, кого го напушти во ноември 2013 година. Пред тоа, во Бундеслигата ги тренираше Менхенгладбах, Арминија Билефелд и Алеманија Ахен. Една сезона беше помошен тренер во Хановер.
Коркут доби отказ по поразот од 4-0 на Хановер од Баер. Тоа беше 13-ти последователен натпревар без победа, а екипата сега има само два бода повеќе од екипата во опасната зона.

Најнови вести