Корисничко име Лозинка Пријави се
22.4.2013

Швајнштајгер ќе игра против Барселона

Бастијан Швајнштајгер ќе биде спремен за првата полуфинална средба од фудбалската Лига на шампиони, во која неговиот Баерн Минхен утре ќе ја нагости Барселона на „Алијанц арената“.

Играчот за врска во саботата го пропушти натпреварот од 30-тото коло на германското првенство, во кој неговиот состав славеше кај Хановер со 6-1.
Причина беше повреда на глуждот, но сега се чини дека тоа е зад него. Клубот од Минхен преку социјалната мрежа „Твитер“ ги охрабри своите навивачи со пораката дека Швајни е здрав и спремен за дуелот против Барселона.
Оваа сезона Швајнштајгер постигна седум погодоци и пет асистенции во 26 бундеслигашки настапи, како и два гола и три асистенции во девет натпревари во Лигата на шампионите.

Најнови вести