Корисничко име Лозинка Пријави се
22.4.2013

Баерн во Хановер сруши низа рекорди

Во победата против Хановер (6-1), во 30-тото коло на Бундеслигата, фудбалерите на Баерн Минхен срушија или изедначија уште неколку рекорди.

На „баварците“ тоа им е 26-та победа оваа сезона, достигнување што никому не му успеало во 50-годишната историја на Бундеслигата. До крајот остануваат уште четири кола за поправање на рекордот. Исто така, со 81 бод на контото, Баерн го изедначи ланскиот рекорд што го постави Борусија Дортмунд. Но, практично е сигурно дека во преостанатите четири натпревари екипата на Јуп Хејнкес ќе отиде и чекор понатаму.
Со 13 победи во низа Баерн дополнително го поправи рекордот и во таа статистичка категорија. И за крај, „баварците“ во Хановер дојдоа до деветта последователна победа во гости, што, исто така, никому никогаш не му успеало.

Најнови вести