Корисничко име Лозинка Пријави се
10.6.2014

Хоселу го засили Хановер

Хоселу, поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, вчера потпиша четиригодишен договор со германскиот прволигаш Хановер.

Минатата сезона Хоселу, како фудбалер на Хановер, играше на заем во Ајнтрахт од Франкфурт.
Тој за Ајнтрахт одигра 33 натпревари и постигна 14 голови.
„Сега станав член на тимот кој негува атрактивен стил на игра и е гладен за успеси“, изјави Хоселу за интернет-страницата на германскиот клуб.
Овој фудбалер има 24 години, а член на Реал беше од 2010 до 2012 година. Најголем дел од тој период помина во тимот Б на кралскиот клуб, за кого одигра 72 натпревари и даде 40 голови.
Хоселу за младата селекција на Шпанија настапи четири пати и постигна еден гол.

Најнови вести