Корисничко име Лозинка Пријави се
24.11.2012

Хановер без Ја Конан, Манџукиќ на клупата за Баерн Минхен

Напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска во Хановер, Дидие Ја Конан, ќе го пропушти денешниот дуел од 13 коло од Бундес лигата на гости кај Баерн Минхен.

Причина е повредата на половината која ја доби на натпреварот од Лигата на Европа против Твенте во четвртокот. Ја Конан сезонава на 11 бундеслигашки натпревари постигна два гола и еднаш асистираше. Хановер е шестопласирана на табелата со 14 бодови помалку од Баерн Минхен.
За баварците мечот на клупата ќе го почне Марио Манџукиќ, кој поради политичката прослава на голот минатото се најде под голем притисок на јавноста.
Германските медиуми го критикуваа, јавно го покори и претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес, а еден навивач поднесе и прекршочна пријава против него. Тренерот Јуп Хејнкес ќе го остави на клупата за мечот со Хановер иако Хрватот со девет гола е најефикасен фудбалер на лидерот во германското првенство.
Марио Гомес се врати по повредата, а искусниот Пизаро игра во солидна форма, па Хејнкес од нив двајцата ќе бира кој ќе го предводи нападот против тимот кој двапати го совлада Баерн на последните три натпревари.

Најнови вести