Корисничко име Лозинка Пријави се
17.6.2015

Хоселу од Хановер во Стоук

Премиерлигашот Стоук вчера го доведе шпанскиот напаѓач Хоселу од Хановер.

Хоселу, кој има 25 години, во изминатата сезона на 30 натпревари во Бундеслигата постигна осум голови, а претходно играше за: Ајнтрахт, Хофенхајм, Реал Мадрид и Селта.
Хановер за Шпанецот доби осум милиони евра, а тој е трето засилување на Стоук во летниот преоден рок, по Филип Волшајд и Јакоб Хаугард.
Хосел е роден во Германија, во Штутгарт, каде што и пораснал пред неговото семејство да се врати во Шпанија.

Најнови вести