Корисничко име Лозинка Пријави се
20.4.2015

Хановер остана без тренер

Фудбалскиот клуб Хановер го отпушти турскиот тренер Тајфун Коркут два дена по дебаклот од Баер Леверкузен со 4-0, соопшти бундеслигашот.

Хановер не наведе кој ќе го замени Тајфун на клупата, но се соопштува дека новиот тренер ќе биде познат до наредното коло на Бундеслигата, за викендот со Хофенхајм.
Хановер нема победа дури на 13 натпревари во Бундеслигата и моментно се наоѓа на 15-тото место со 29 бодови, два повеќе од Падерборн, кој се наоѓа на место кое не гарантира опстанок.
Четириесет и едногодишниот Коркут го презеде Хановер на крајот на 2013 година, а претходно работеше како помошен тренер во репрезентацијата на Турција.
Тоа е осма смена на тренер во Бундеслигатаа во оваа сезона.

Најнови вести