Корисничко име Лозинка Пријави се
02.1.2014

Коркут на клупата на Хановер

Тајфун Коркут, 42-годишниот турски фудбалски тренер, стана нов стратег на Хановер, објави бундеслигашкиот клуб на својата интернет-страница.

Оваа сезона Хановер го водеше Мирко Сломка, кој мораше да го напушти клубот бидејќи раководството не беше задоволно од резултатите. Хановер на зимската пауза замина како тринаесетта екипа на табелата.
Коркут, инаку роден во Штутгарт, стана прв турски тренер во историјата на Бундеслигата, а со Хановер потпиша договор до јуни 2016 година.
Во професионалната кариера Коркут 42 пати настапи за турската репрезентација, а играше и за: Штутгартер Кикерс, Реал Сосиедад, Еспањол, Фенербахче, Бешикташ и Генчлербирлиги. Последната тренерска работа му беше местото помошник во турската фудбалска репрезентација.

Најнови вести