02.7.2013 Џуру следната сезона на заем во Хамбургер
Јохан Џуру, швајцарскиот 26-годишен одбранбен фудбалер на Арсенал, идната сезона ќе ја помине на заем во германскиот прволигаш Хамбургер.
Џуру за сениорската екипа на Арсенал дебитираше уште во 2004 година, а сезоната 2007/08 ја помина на заем во Бирмингам. Вториот дел од минатата сезона го одигра на заем во Хановер, кој, исто така, беше заинтересиран за неговите услуги и во идната сезона. Но, клубот од Хамбург потврди дека Џуру ќе го носи неговиот дрес со бројот пет во претстојната сезона.
За швајцарската репрезентација Џуру одигра 40 натпревари и притоа постигна еден погодок.