Корисничко име Лозинка Пријави се
08.10.2012

Блашчиковски ќе ја пропушти квалификациската средба против Англија

Јакуб Блашчиковски, 26-годишниот крилен фудбалер на Борусија Дортмунд, ќе ја пропушти претстојната средба на полската репрезентација против Англија (на 16-ти октомври во Варшава) во квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство во Бразил.

Причина е повредата на глуждот здобиена во седмото бундеслигашко коло против Хановер. Во споменатата средба Блашчиковски беше принуден да ја напушти играта уште во 39-тата минута.
„Раните дијагнози сугерираат дека би можело да паузирам меѓу четири и шест седмици“, објави Блашчиковски на својата интернет-страница.
Точната должина на паузата ќе се знае по медицинските тестови, но неговото отсуство ќе биде голем хендикеп како за актуелниот германски шампион така и за полската репрезентација, на која ѝ е капитен.
Полска по воведните две кола на квалификациската група Х собра четири бодови, исто како Црна Гора и Англија.

Најнови вести