Корисничко име Лозинка Пријави се
16.8.2012

Шалке останува без Мецелдер на стартот

Триесет и едногодишниот Криштоф Мецелдер, поранешен германски фудбалски репрезентативец, и понатаму не тренира со бундеслигашката екипа Шалке и е во прашање за неделниот натпревар од Купот.

Хуб Стевенс, тренерот на Шалке, и понатаму не може да смета на својот искусен одбранбен играч кој се жали на болки во проблематичното стапало, пренесува германскиот „Спорт1“.
Сè уште не се знае колку ќе отсуствува од теренот и кога ќе му биде на располагање на Стевенс за новата бундеслигашка и европска сезона. Меѓутоа, Мецелдер дефинитивно ќе го пропушти неделниот натпревар од Германскиот куп против третолигашот Сарбрикен.
Новата сезона на германското првенство почнува на 24-ти овој месец, а Шалке својот прв натпревар го игра против Хановер на 26-ти. Како што стојат работите, под голем знак прашалник е дали Мецелдер ќе се кандидира за екипата на тој натпревар.

Најнови вести