Корисничко име Лозинка Пријави се
15.8.2012

Коне од Леванте во Виган

Аруна Коне, 28-годишниот напаѓач од Брегот на Слоновата Коска, ги напушти редовите на шпанскиот прволигаш Леванте и потпиша тригодишен договор со англискиот Виган.

Коне минатата сезона со 15 погодоци беше деветти стрелец на Примера лигата и еден од главните адути на Леванте на патот до шестото место и пласманот во Лигата на Европа. Во клубот од Валенсија пристигна од Севилја, а во Европа играше за Лирс, Рода, ПСВ и Хановер. Како играч на Лирс беше прв стрелец на белгиската лига, а со ПСВ освои две холандски шампионски титули.
За фудбалската репрезентација на Брегот на Слоновата Коска одигра 34 натпревари и постигна девет голови.

Најнови вести