Корисничко име Лозинка Пријави се
27.7.2013

Босингва во Трабзон

Поранешниот португалски репрезентативец, Жозе Босингва, потпиша тригодишен договор со турскиот прволигаш Трабзон.

Триесетгодишниот одбранбен фудбалер последната сезона ја помина во Квинс парк ренџерс од каде како слободен играч прејде во Трабзон. Во новиот клуб ќе му се приклучи на некогашниот соиграч од Челзи, Флоран Малуда, кој пред неколку денови исто така потпиша за клубот од Трабзон.
Босингва кариерата ја почна во Боависта од каде во 2003 година помина во редовите на градскиот ривал Порто. Пет години подоцна го засили Челзи каде се задржа четири сезони.
Босингва ја има освоено лигата на шампионите со два различни клубови: со Порто во 2004 и со Челзи во 2012 година, а за португалската репрезентација има 25 настапи.

Најнови вести