26.8.2015 Челзи го испрати Марин во Турција
Покрај Хуан Куадрадо, Челзи испрати на заем уште еден играч кој своевремено стигна на „Стемфорд бриџ“ како големо засилување – Марко Марин.
Германскиот фудбалер со српско потекло (роден во Босанска Градишка) уште една сезона ќе помине надвор од Лондон, а наредна дестинација му е турскиот Трабзонспор.
Марин откако дојде во Челзи од Вердер во 2012 година, одигра само шест натпревари во Премиер лигата и даде еден гол, а во меѓувреме беше на заем во Севилја, Фиорентина и во Андерлехт.
Трабзонспор, кој има многу амбициозен тим со Оскар Кардосо, Даме Н’Доје и Жозе Босингва, следното лето ќе има право да го откупи 26-годишниот Марин.
Марин одигра 16 натпревари за репрезентацијата на Германија и постигна еден гол. Беше дел од националниот тим на Мундијалот во Јужна Африка пред пет години.