Корисничко име Лозинка Пријави се
02.5.2015

Сандовал е новиот тренер на Гранада

Шпанскиот прволигаш Гранада, кој се бори за опстанок во Примера, го ангажираше Хозе Рамон Сандовал за нов тренер на местото на Абел Ресино кој беше отпуштен.

Управата на Гранада по последниот пораз во четврток од Еспањол со резултат 2-1 експресно го отпушти Ресино кој по доаѓањето во јануари забележи само две победи на 16 натпревари.
„Гранада се договори со Сандовал да го води тимот до крајот на сезоната“, соопшти клубот кој се надева дека е можен опстанок во Ла лига со четири натпревари до крајот на сезоната.
Клубот од Андалузија е на претпоследното место на табелата и заостанува шест бодови од безбедната зона.
Сандовал успешно го водеше Рајо Валјекано од 2010 до 2012 година кога клубот влезе во Примера и следната сезона преживеа во елитното друштво.

Најнови вести