20.6.2013 Франсиско Пити прејде во Гранада
Шпанскиот прволигаш Гранада го доведе Франсиско Пити, досегашниот напаѓач на Рајо Валјекано.
Пити со Гранада потпиша тригодишен договор.
Минатата сезона тој беше водечки стрелец на Рајо Валјекано со 18 голови во првенството, со што беше шести стрелец во Примера лигата.
Овој 32-годишен напаѓач е производ на фудбалската школа на Барселона, а во Рајо играше од 2007 година.