17.1.2015 Ресино се враќа во Гранада
Хоакин Капарос веќе не е тренер на Гранада, официјално е објавено на интернет страницата на клубот.
За смената на педесет и деветгодишниот тренер се шпекулираше последните денови, а вчера стигна и официјална потврда.
Негов наследник ќе биде Абел Ресино, но до неговото именување на клупата ќе седи Хосебо Агуадо кој е тренер на Б тимот на клубот.
Ресино досега бил тренер на Сиудад Мурсија, Леванте, Кастелон, Атлетико Мадрид, Валјадолид и Селта. Во Гранада беше во текот на 2012 година, па ова ќе биде негово враќање во клубот од Андалузија.
Гранада во моментов е на последното место на табелата во шпанската Примера со 14 освоени бодови, колку што има и Елче на 19-тата позиција. Сезонава има само две победи со по осум ремија и порази.